Едукативнa работилници со пензионерите во Кратово

ФЗОМ продолжува со одржување на едукативните работилници со пензионерите, кои се организираат во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и со Црвениот Крст. Денеска во Кратово се одржа третата едукативна работилница од новиот циклус предвиден за 2015 година, која има за цел да ги едуцира пензионерите за нивните права од областа на лековите и ортопедските помагала.