Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) сака да ја информира јавноста во врска со барање за донација за лекување во странство од страна на мајката на детето Д.Ј. ФЗОМ на детето веќе еднаш му има одобрено лекување во странство. Извршена е успешна хируршка интервенција на товар на ФЗОМ во 2014 година во Турција, за што, медиумите навремено ја известија јавноста.