Фондот за здравствено осигурување на Македонија во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија, по добиените информации од терен и воочената пракса, со цел за подобра информираност на осигурените лица со ниски примања во врска со прибавувањето на документацијата која е потребна за прием на овие лица во системот на задолжителното здравствено осигурување кое го покрива Фондот, известува за следното:
1. Невработените лица кои за прв пат се пријавуваат во ФЗОМ за стекнување на право на здравствено осигурување, не е потребно да доставуваат и потврда од Агенцијата за вработување на Република Македонија дека се невработени лица.