Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефаноски и директорот Орхан Рамадани заедно со министерот за здравство Никола Тодоров во рамките на проектот за отворање на аптеки во руралните средини, денеска ја посетија аптекарската станица која веќе една година работи во просториите на здраствениот дом во село Лозово, а која од неодамна склучи и договор со ФЗОМ за лекови на рецепт. Како што појасни министерт Никола Тодоров, со ова им е овозможено на жителите од Лозово освен здраствена заштита од матичните лекари, на едно место да ги набават потребните лекови за пропишаната терапија. Со овој проект за отворање на аптекарски станици во населени места до 3,5 илјади жители на објавениот конкурс за 66 аптекарски станици во Македонија,а што согласно законот, е за оние аптекарски фирми што имаа повеќе од две аптеки во една општина или пет на ниво на државата со овој проект се обврзани да отворат минимум уште една аптека во руралната средина, потенцираше министерот Тодоров.
Документи врска