Одржана средба со делегација на Фондот за здравствено осигурување на Црна Гора

Примената на Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Црна Гора, проширување на модалитетите за соработка меѓу ФЗОМ, решенијата и новините кои ги воведува Фондот за здравствено осигурување на Македонија, како и предизвиците за подигнување на квалитетот на здравствените услуги, добрата пракса и успешните проекти беа тема на еднодневната официјална посета на делегацијата на Фондот за здравствено осигурување на Црна Гора. Посетата на Фондот за здравство е на иницијатива на црногорската делегација.