Годишен извештај за 2014 година за ДСГ – дијагностичко сродни групи

Методологијата Дијагностичко сродни групи (ДСГ), покрај тоа што е систем за евидентирање и фактурирање на здравствени услуги за акутните болнички пациенти, исто така е и метод за евиденција и финансирање на болничката здравствена заштита. ДСГ методологијата придонесува за стандардизирање на медицинските терапевтски постапки според медицина базирана на докази (протоколи и клинички патеки), кои се вршат за секоја дијагноза со плаќање по просечни трошоци направени за здравствената услуга во било која здравствена установа.