Директорите на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани денеска ја посетија подрачната единица на Фондот во Тетово. Ова е продолжение на веќе започнатата активност, еден дел од работната недела тие да ја поминуваат во некоја од подрачните единици во државата, со цел на самото место да се запознаат со реалните проблеми и потреби како на осигурениците така и на вработените и изнаоѓање на можни моментални или системски решенија за надминување на проблемите и пропустите. Директорот Стефаноски информираше за одредени бенефиции што во последниот период се усогласени во Фондот со подршка од Владата за измени на определени закони.