Соопштение за аптекарски станици

Би сакале да ве информираме дека Фондот за здравствено осигурување вчера потпиша договор со нови аптеки, аптекарски станиции и подвижни аптеки, вкупно 21, на територијата на Република Македонија. За сите нови договoрни партнери, утврдивме квоти кои почнуваат да важат од 1 јули 2015. Од новите потпишани договори, 5 се подвижни аптеки, чија цел е снабдување со лекови во рурални средини со најмалку еден здравствен работник, фармацевтски техничар. Новите 5 подвижни аптеки се за следниве подрачја: село Врапчиште – Гостивар (покрива 29 населени места); село Ростуше, општина Маврово (покрива 64 населени места); село Могила, општина Могила (покрива 115 населени места); општина Боговиње – Тетово (покрива 17 населени места); село Брвеница, општина Тетово (покрива 35 населени места). Населението кое е опфатено со 5-те нови подвижни аптеки и бројот на граѓани кои ќе имаат олеснет пристап до лекови изнесува 33,786 граѓани. Вкупната годишна квота која Фондот ќе ја издвојува за овие аптеки е 3,8 милиони денари.