Олеснување за матични лекари - помалку бирократија за поефикасна превентивна здравствена заштита

Фондот за здравствено осигурување заедно со Здружението на приватни лекари на Македонија информира за новиот софтвер со кој ќе ја унапредиме и олесниме работата на матичните лекари, а се однесува на полето на превенцијата која тие веќе ја спроведуваат. Во договор со Фондот за здравство, матичните лекари од општа пракса имаат обврска да спроведат мерки и активности за превенција и рано откривање на трите најчести незаразни заболувања во Република Македонија - кардиоваскуларни болести, дијабетес и нефролошки заболувања. Овие превентивни мерки се спроведуваат на 1.3 милиони осигуреници на возраст од 14-65 години.