Фондот на Позитивната листа на лекови на рецепт покрива 450 генерики, односно 1133 лекови од различни производители. Овие лекови осигурениците ги подигнуваат со рецепт од матичен лекар, a за некои од нив потребна е препорака од специјалист/субспецијалист. Осигурениците, лековите од Позитивната листа може да ги подигнат во 767 аптеки на територија на цела Република Македонија, а значајно е што од нив се нови 61 аптекарска станица, 5 подвижни аптеки и 3 рурални аптеки, што е нов проект на Владата на Република Македонија за поголема достапност на лекови во руралните подрачја. За таа намена, зголемен е буџетот за лекови коj историски е најголем од основањето на Фондот и изнесува 2,46 милијарди денари.
Документи врска