Директорите на Фондот за здравствено осигурување, д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, во рамките на денешната работна посета на подрачната служба на Фондот во Штип, продолжуваат со проектот „Отворени денови“, во рамките на кои осваруваат директни средби со осигурениците и на лице место се запознаваат со реалните проблеми и потреби како на осигурениците, така и на вработените.