Средба со пензионерите во Кичево во рамки на проектот „ФЗОМ поблиску до пензионерите“

Денес во Кичево се одржа 24-тата едукативна работилница, во согласност со договорениот акциски план со Сојузот на пензионери на Македонија, во кој се предвидени 32 едукативни работилници, кои Фондот за здравствено осигурување планира да ги реализира во текот на целата 2015 година, на територија на Република Македонија.