Обраќање на Министерот за Здравство Г-дин Никола Тодоров

Почитувани претставници на медиумите, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија, во континуитет се залагаат за унапредување на статусот на матичните доктори, како еден од столбовите на примарната здравствена заштита. Поттикнати од идејата да овозможиме финансиски бенефит за докторите кои секојдневно обезбедуваат неопходни здравствени услуги за илјадници пациенти, донесовме одлука да го зголемиме капитациониот бод кај матичните стоматолози, во износ од 5 денари, почнувајќи од 2016 година.