Новини и олеснувања за над 1900 пациенти – корисници на ортопедски помагала

Фондот за здравствено осигурување на Македонија по барање на здружението на лица со стома – Илкома, а по повод меѓународниот ден на лицата со стома 03.10.2015, донесе одлука која ќе значи олеснување за над 1900 осигуреници со колостома, илеостома и уростома, кои од 01.12.2015 година ќе можат да подигнат количини за три месеци во ортопедските куќи. Станува збор за пациенти кои се заболени од најтешки и малигни заболувања и поради здравствената состојба имаат вештачки отвори – стоми. Поради оваа здравствена состојба мораат секојдневно да користат ортопедски помагала - кеси, кои заменуваат определена телесна функција. Без овие кеси, пациентите не се во можност нормално да функционираат во секојдневниот живот.