ДЕМАНТ За написот на порталот Нова

Фондот за здравствено осигурување на Македонија категорично ги демантира и отфрла невистините изнесени на порталот Нова во денешниот напис „Лекарка заминува во странство, \не може да се вработи поради бирократска процедура“. Написот е тенденциозен и неточен и укажува на големо непознавање на процедурите за вработување и процедурите на работа на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.