Анекси на актуелни договори за релаксирање на казнени одредби за аптеки

По завршување на преговорите со Лекарската и Стоматолошката комора кои резултираа со изработка на нови анекси на договори кои нудат поволности на лекарите и стоматолозите, Фондот заедно со Фармацевтската комора ги разгледа можностите за релаксирање на казнената политика за аптеките. Сакаме да објавиме дека како резултат на преговорите со Фармацевтската Комора се изготвија нови анекси на договорите за 2016 година за аптеките. Фондот овие измени ги направи со цел максимално да се олесни секојдневното работење на фармацевтите и аптеките, како и релаксирање на казнената политика и намалување на договорните казни, согласно Владината политика.