Фондот за здравствено осигурување на Македонија како финансиска институција од јавен интерес во здравствениот систем на Република Македонија продолжува со својата отворена и конструктивна соработка со сите субјекти во здравствениот систем, во рамките на своите надлежности и согласно законските прописи. Важен чинител во здравствениот систем се здруженијата на граѓани, а посебно место има Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.