Прес конференција на директорите на ФЗОМ

Со реализацијата на Проектот на Владата на Република Македонија за превенција на трите хронични незаразни заболувања - кардиоваскуларни, бубрежни заболувања и дијабетес, овозможуваме рационализирање и правилно искористување на средствата на Фондот, како и подигнување на квалитетот на здравствена заштита во државата. Со цел грижа за здравјето на осигурениците, Фондот, заедно со Лекарската Комора на Македонија и Здружението на приватни лекари на Македонија, лекарските здруженија и другите чинители на здравствениот систем, во договорите за 2014 година со приватните здравствени установи, воведе три цели како приоритет за превенција.