Подигнување на eлектронски здравствени картички

Фондот за здравствено осигурување сака да ве информира дека по три недели од изработката и дистрибуцијата на електронските здравствени картички во подрачните служби, досега се подигнати 33.154 електронски здравствени картички од вкупно изработени 106.541 за лицата кои имаа поднесено барање и уплатено, а ги немаа добиено картичките.