Фондот за здравствено осигурување на Македонија продолжува да промовира нови електронски услуги, во рамки на месец февруари кој е прогласен за месец на електронски услуги. Денес, Фондот на својот портал промовира три нови електронски услуги за правата кои се гарантирани врз основа на закон за нашите осигуреници кои досега беа достапни само во хартиена форма, а од сега ќе можат да ги добијат поедноставно, побрзо и поефикасно по електронски пат преку новите електронски услуги кои денеска ги промовираме.