Посета на лабараторијата на Фармацевтски Факултет

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе плаќа најголем дел од сумата потребна за над 30-тина типови испитувања за влијанието на лековите кои ги примаат пациентите и тоа пред се со малигни заболувања, но не ограничувајќи се само на нив, а кои ќе се прават во лабараторијата за биомолекуларни фармацевтски анализи при Фармацевткиот факултет. Досега за овие испитувања пациентите плаќаа високи финансиски средства, некои од нив и до 11.000 денари, а сега тие ќе се прават само со партиципација, што значи многукратно се намалува износот кој треба да го платат за нив. Највисоката партиципација веројатно ќе се движи околу 1.000 денари а ова го предвидува договорот, кој денеска го склучија Фармацевтскиот факултет и ФЗОМ. Станува збор за прв договор склучен меѓу ФЗОМ и Фармацевтскиот факултет за давање на услуги кои се поврзани со пациенти.