Демант на соопштение на ЛДП

Фондот за здравствено осигурување на Македонија категорично ги отфрла обвинувањата на Либерално демократската партија во врска со недостиг на лекови на рецепт во Македонија. Жално е што политичка партија наместо со проекти и идеи се занимава со лаги и манипулации на Јавноста. Граѓаните на Р.Македонија добро се сеќаваат на периодот, кога тие беа на власт и кога мораа да нарачуваат лекови по телефон па да чекаат по 2 недели во најдобар случај, за да ги подигнат.