Прес конференција на директорите на ФЗОМ

Почитувани, Фондот за здравствено осигурување на Македонија 2016 година ќе ја започне со историски најголемиот буџет на институцијата во висина од 25 милијарди и 575 милиони денари. Овој буџет е за 1,4 милијарди денари повисок од минатата година, т.е. повисок е за 5,85%. Буџетот од околу 25,6 милијарди денари е двојно повисок во споредба со 2000та година е формиран фондот и кога изнесувал 12,5 милијарди денари.