Говор на директорот на ФЗОМ, др Сашо Стефаноски по повод одбележувањето на меѓународниот Ден на здравјето 7 април

Почитувани уважени гости,
Почитувани дами и господа,
Почитувани претставници на медиумите,
Ми претставува особена чест да присуствувам на овој настан што има за цел да ја подигне јавната свест за важноста на здравјето. Грижата за здравјето низ сите фази на животот е фундаментално право на сите, а не привилегија на неколкумина. Доброто здравје е фундамент за економска и социјална стабилност. Тоа е клучот за намалување на сиромаштијата и за од одржливиот развој. Но, најважно од се, е тоа што на доброто здравје не може да се гледа како на придобивка само на еден сектор, туку здравјето е резултат на ангажираноста во сите сегменти на општеството.