Зголемување на користењето на електронските услуги на ФЗОМ

Стратешка определба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија се квалитетни, ефикасни и брзи услуги за осигурениците, здравствените работници и компаниите. За таа цел, Фондот услугите ги направи достапни и по елетронкси пат, со што сите осигуреници, компании и здравствените работници можат да ги добијат бараните услуги во време кое најмногу им одговара од својот дом, односно од своето работно место.