Прес конференција на директорите на ФЗОМ

Од 11 јуни годинава, листата на лекови по заштитени имиња на товар на Фондот ќе биде проширена со додавање на 80 нови заштитени имиња на лекови, од 23 различни производители1 и компании, во рамките на постоечките генерики што е за 4% повеќе лекови за осигурениците отколку досега. Со ова, вкупниот број лекови од различни производители што се достапни за осигурениците на товар на Фондот изнесува 2010 лекови или 52% од регистрираните лекови во државата.