Прес конференција на директорите на ФЗОМ

Со воведување на превентивните цели во примарната здравствена заштита, за дејноста општа медицина, овозможуваме рационализирање и правилно искористување на средствата на Фондот, како и подигнување на квалитетот на здравствена заштита во државата. Имено, Фондот за здравство на Македонија како обврска за матичните лекари воведе три цели, кои се превентивни мерки за рано и навремено откривање на трите најчести незаразни заболувања: кардиоваскуларните, бубрежните заболувања и дијабетес мелитус, како и секундарна превенција на можните компликации од истите кои лекарите мора да ги реализираат.