Отворени денови на ФЗОМ

Од утре, четврток, 6 октомври 2016 година, во сите 30 подрачни служби на Фондот продолжуваме со практиката на отворени денови за осигурениците. На овој начин осигурениците дирeктно од одговорните лица од Фондот ќе се информираат за своите права, ќе претстават некој проблем со добивање на право од здравствено осигурување, а воедно и ќе имаат можност да дадат свои идеи, предлози, кои се однесуваат за унапредување на работата на Фондот за здравствено осигурување на Македонија