Ортопедски помагала ќе се издаваат и во 332 аптеки со кои Фондот склучи договор по објавен јавен повик

Фондот за здравствено осигурување овозможува остварување на право за ортопедски помагала за кои годишно одвојува значителен износ на финансиски средства, обезбедуваjќи 406 типови ортопедски и други помагала, односно 1210 помагала од различни производители. Заклучно 31 октомври 2016 година, Фондот имаше склучено договор со 31 ортопедска куќа на територија на Македонија, кои имаа мрежа од 111 специјализирани продавници. Финансиските средства кои Фондот ги има предвидено за ортопедски помагала секоја година се зголемуваат па така во 2016 година предвидени се 550 милиони денари.