Фондот за здравствено осигурување на Македонија 2017 година ја започнува со историски најголемиот буџет на институцијата во висина од 26 милијарди и 947 милиони денари. Овој буџет е за 1 милијарда и 370 милиони денари повисок од буџетот на почетокот на 2016 година, односно зголемување за 5,4%. Буџетот од околу 27 милијарди денари е повеќе од двојно повисок во споредба со 2000та година кога е формиран Фондот и кога изнесувал 12 милијардии 500 милиони денари.