Соопштение на ФЗОМ за рефундирање на средства за безглутенско брашно

Заради утврдениот недостиг на безглутенско брашно во аптеките, за лицата заболени од целијакија, како и поради реакциите на осигурениците кои не можат да го остварат правото на безглутенско брашно на рецепт на товар на Фондот, информираме за следново:

Безглутенското брашно набавено во месец јануари и февруари со лични средства на осигурениците ,во било кое продажно место ќе можат да ги рефундираат по референтна цена на Фондот.