Поради сезонските алергии и прогласената епидемија на морбили на територија на цела држава, но и и по направена сондажа за искористеност на квоти за месец април на приватните здравствени установи аптеки која изнесува 85% до 90%, Управниот одбор на Фондот донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари. Ова зголемување е обезбедено за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за месец април. Вкупниот дополнителен износ кој Фондот го обезбеди за лекови на рецепт за месец април за сите 772 аптеки со кои има договор е 9,2 милиони денари.