Соопштение - Мерки за постапување во време на изречена мерка за спречување на ширење и сузбивање на зараза од Covid – 19 – Коронавирус

Следејќи ги заложбите, мерките и активностите на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство и Кризниот штаб за справување со „корона“ вирусот, како и на сите институции, надлежни за справување со Коронавирусот Covid – 19 “, Фондот за здравствено осигурување, како институција со висока општествена одговорност, на седница на Управниот одбор на 13 март 2020 година, презема низа мерки со кои ќе им ги олесни услугите на своите осигуреници. Овие мерки ќе бидат на сила се додека траат времените мерки што ги донесе Владата на Република Северна Македонија, за спречување на ширење и сузбивање на „Коронавирусот“, а се во интерес за заштита на здравјето на граѓаните.