Соопштение за активностите кои ги презема Фондот за време на изречената мерка за спречување на ширење и сузбивање на заразата од Covid – 19 (Коронавирус)во делот на работењето на здравствените установи

СООПШТЕНИЕ

за активностите кои ги презема Фондот за  време на изречената мерка  за спречување на ширење и сузбивање на заразата од  Covid – 19 (Коронавирус)во делот на работењето на здравствените установи

 

Во врска со потребата од преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на   Covid – 19 ( Коронавирус),  Управниот Одбор на Фондот, ги донесе  следните мерки и препораки за здравствените установи кои имаат склучено договор со  Фондот:

 

Остварување право на боледување и исплата  на надоместок на плата

Продолжување на боледување  по сите основи,  избраниот лекар ќе може да врши врз основа на телефонско јавување на осигуреното лице. При тоа лекарот за да го издаде предлог за спреченост за работа (ПСР образецот), треба преку системот на “мој термин“ да го преземе последниот извештај, односно отпусно писмо, издадено од  специјалист од соодветна здравствена установа. Додека конзилијарното мислење  избраниот лекар треба да го скенира и  на е-маил да го достави до Фондот.

Доколку треба да се продолжи боледување  над 2 месеци за прв пат, избраниот лекар и ПЛК ќе одлучува на последно важечки извештај/отпусно писмо од специјалист врз основа на кој е издадено претходното боледување, без да го упати осигуреникот на преглед на клиника за да донесе нов специјалистички извештај односно  конзилијарно мислење.

Избраниот лекар при отворање на ново боледување по било кој основ,  може да го издаде ИСР образец до 15 дена (наместо до 7 дена како де сега), без да се придржува на Критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда. Овие мерки не се однесуваат  за отворање на ново боледување на здравствените работници вработени во здравствен сектор. Избраниот лекар за да отвори ново боледување  на здравствен работник вработен во здравствен сектор, треба да изврши непосреден преглед на пациентот, при тоа почитувајќи ги  Критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда.

По истекот на 15 дена продолжување на боледување се врши врз основа на специјалистички извештај. Тоа значи дека во ваквите случаи осигуреникот треба да биде упатен на повисоко ниво на здравствена заштита, согласно медицина базирана на докази.

ПСР образецот и извештајот од специјалист/конзилијарно мислење/отпусно писмо, избраниот лекар ги доставува  електронски на  посебен е-маил кај одговорно лице во подрачната служба на Фондот.

  Прилог: Список на лица за контакт  во подрачните служби на Фондот 

 

Одговорното лице од Фондот документите пристигнати електронски од избраниот лекар ги проследува на е-маил до Лекарската комисија на Фондот . Оценката за спреченост за работа издадена од Лекарската комисија на Фондот, избраниот лекар може да ја види на порталот на Фондот во делот на “Барање за пациенти-издавање на ИСР образец“. Избраниот лекар по телефон го известува осигуреникот за продолжување на боледувањето.

             Пример: од Порталот на “Барање за пациенти-издавање на ИСР образец“

 

Критериуми за издавање на боледување  (Критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда)

1.       При издавање на привремена спреченост за работа за болести на респираторниот систем (Ј00-Ј99 како примарна дијагноза)  нема да се применуваат Критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда.

2.       Избраниот лекар при отворање на ново боледување за сите останати дијагнози и боледувања по било кој основ,  може да го издаде ИСР образец до 15 дена (наместо до 7 дена), без да се придржува на Критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда. Овие мерки не се однесуваат  за отворање на ново боледување на здравствените работници вработени во здравствени установи. Избраниот лекар за да отвори ново боледување  на здравствен работник, треба да изврши непосреден преглед на пациентот, при тоа почитувајќи ги  Критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда. За продолжување на боледувањето по 15-от ден осигуреникот се упатува на повисоко ниво на здравствена заштита.

 

 

Пружање на здравствени услуги во примарна здравствена заштита

 

1.       Избраните лекари во периодот на траење на мерката не треба да ги повикуваат осигурените лица на превентивни прегледи . За овој период ќе се смета дека целите  се исполнети во целост. Тоа значи планираниот број на цели се прикажува како реализиран во целост.

2.       При  отсуство на избраниот лекар поради болест или изолација, здравствените услуги ги  пружа лекарот редовна замена. Во случај на болест или изолација на лекарот   редовна замена, Фондот ќе овозможи без ограничување назначување на втор лекар-замена, а по потреба и друг лекар замена. При тоа избраниот лекар на е-маил го известува Фондот за настанатата промена. Обврска на лекарот е на видно место да истакне име презиме и контакт телефон на лекарот замена.

 

3.       Исплатата на капитацијата за боледување до 30 дена се врши од страна на Фондот.

Во случај кога спреченоста за работа трае повеќе од 30 дена, лекарот редовна замена може и по истекот на 30 дена да продолжи да пружа здравствени услуги на осигурените лица на лекарот кој е на подолготрајно боледување. При тоа исплатата на капитацијата на лекарот замена се врши во  износ од  70% од  капитација на лекарот кој е на боледување (со обврска за  преземање на медицинската сестра, доколку истата е на работа).

 

4.       Доколку во периодот додека трае времената мерка, лекарскиот тим остане без медицинска сестра, а здравствената установа не може да го комплетира тимот, лекарот здравствените услуги ги пружа без сестра, за истото го известува Фондот, а Фондот продолжува да исплатува надоместок за капитација како за комплетен тим.

 

 

 

 

Издавање рецепти за лекови на товар на Фондот 

 

1.       Матичните лекари да не  пропишуваат лекови на рецепт без медицински индикации, на инсистирање на осигурениците. Секое пропишување на лекови без медицински индикации ќе подлежи на стручен медицински надзор од Министерство за здравство.

2.       Избраниот лекар може да издаде рецепт за хронична терапија и во случај кога препораката од специјалистот/отпусно писмо е постара  од една година

3.       Рецепти за хроничната терапија избраниот лекар да издава за 6 месеци

4.       Рецепти за акутна терапија избраниот лекар може да препишува за лекови во количина доволна до 14 дена, по мислење на лекарот

5.       Пропишување на рецепти за ниско молекуларен хепарин ENOXAPARIN и NADROPARIN:

 

 

 Матичните лекари гинеколози

Матичните лекари гинеколози можат да пропишуваат ампуларна терапија clexane или  fraxiparin  за бремени жени кои за прв пат треба да започнат да ја примаат и за пациенти кај кои е потребно продолжување на истата врз основа на резултатите од Д-димери и ехо наод и потврда од специјалист трансфузиолог или специјалист гинеколог од болница или клиника, добиена по е-маил. Пациентите не треба да одат лично кај лекарот специјалист, туку матичниот лекар го  обезбедува медицинското мислење по е-маил од соодветната болница или клиника. Медицинското мислење не е потребно да биде во посебен образец/документ, туку само напишано во е-маил порака до матичниот гинеколог. За потребата за рефундација избраниот лекар е должен да ја испечати електронската порака која го содржи медицинското мислење на специјалистот од болницата или клиниката, како замена на специјалистички извештај. Повторуваме дека пациентот не треба да оди кај лекарот специјалист за препорака за clexane или  fraxiparin.

 Матичните лекари од општа медицина

Матичните лекари од општа медицина можат да пропишуваат ампуларна терапија clexane или  fraxiparin  за пациенти кај кои е потребно продолжување на истата врз основа на резултатите од Д-димери и потврда од специјалист трансфузиолог или специјалист од болница или клиника, добиена по е-маил. Пациентите не треба да одат лично кај лекарот специјалист, туку матичниот лекар го  обезбедува медицинското мислење по е-маил од соодветната болница или клиника. Медицинското мислење не е потребно да биде во посебен образец/документ, туку само напишано во е-маил порака до матичниот лекар. За потребата за рефундација избраниот лекар е должен да ја испечати електронската порака која го содржи медицинското мислење на специјалистот од болницата или клиниката, како замена на специјалистички извештај. Повторуваме дека пациентот не треба да оди кај лекарот специјалист за препорака за clexane или  fraxiparin.

Здравствени услуги од специјалистичко–консултативна здравствена заштита и општа стоматологија

1. Поради спречување на ширење на Коронaвирусот здравствените установи од специјалистичко консултативна здравствена заштита и општа стоматологија   треба да работат во предвиденото работно време и да пружаат здравствени услуги само во итни случаи.

2. Во периодот на важење на мерките, доколку здравствените установи од специјалистичко консултативна здравствена заштита не можат да ги  пружат здравствени услуги на осигурените лица во рамките на утврдениот месечен надоместок, неискористените средства ќе може да ги искористат  по завршување на мерката, односно до крајот на годината.

 

Заверка на ортопедски помагала

Доколку осигуреното лице има  специјалистички извештај и наод оценка и  мислење постари од 1 година, важењето на истите се продолжува до 31.05.2020 година. При тоа избраниот лекар може да пропише потврди за потреба од ортопедско помагало  само  за наведениот период.

Потврдите за ортопедските помагала и понатаму останува да се заверуваат на шалтерите на подрачните служби, поради постоење на технички пречки истите да се заверуваат од страна на избраниот лекар односно лекар специјалист.

Заверената  потврда Фондот по службена должност по пошта ќе  ја достави на осигуреното лице на домашна адреса или доколку има осигуреното лице оставено контакт телефон на смс порака ќе биде  известен  за бројот на заверката на потврдата. Осигуреното лице без оглед на начинот на кој е известен за заверената потврда ( во хартија или со бројот на заверка добиен на смс)  потребното помагало може со доказ за идентификација да го подигне   во ортопедската куќа по сопствен избор.“

 

Начин на работа на Фондот со здравствените установи

Прием на барање од здравствени установи кои се поврзани со било какви статусни промени согласно договорот или склучување на нов договор, може да се врши на еден од следните начини:

-  документите скенирани да се доставуваат на  [email protected]  во Фондот,

-  по пошта или

-  во исклучителни случаи на  шалтер определен за прием на документи

Изготвените договори, анекси на договори и известување ќе бидат доставени по пошта на адреса на здравствените установи .

Фондот активно ги следи препораките на СЗО и  ги спроведува  сите мерки на Владата со цел да го заштити здравјето на населението  заради  превенција  од ширење на   Covid – 19 ( Коронавирус).