Во врска со информациите кои кружат по порталите и социјалните мрежи, во однос на здравствените услуги и референтните цени на Фондот за здравствено осигурување, би сакале да Ве известиме за следното:
- Во лабораториската дејност постојат повеќе различни техники за детекција на инфективни причинители како на пример: - серолошки испитувања при кои се детектираат антитела кон причинителот на инфекцијата - молекуларни испитувања при кои се детектира присуството на самиот причинител, во овој случај вирусот
- Соодветно на погоре наведеното и Фондот има формирано здравствени услуги за лабораториска дејност во зависност од техниката која се користи во здравствените установи кои имаат договор со Фондот, а се однесуваат за инфекции со корона вирусот Covid-19