Соопштение за избрани лекари од дејноста гинекологија и стоматологија

Соопштение за избрани лекари од дејноста гинекологија и стоматологија

Согласно насоките дадени од ФЗОРСМ до избраните лекари, целите се смета дека се исполнети во целост за периодот на траење на времените мерки (немате обврска да ги повикувате осигурените лица на превентивни прегледи). Поради тоа Ве молиме при внесување на целите за првиот квартал од 2020 година на порталот на Фондот во полето за реализиран број на цели да го внесете истиот број како оној кој е внесен во полето за планирани цели, без разлика што бројката за реализирани цели нема да ви соодвестува со реалниот број на реализирани цели кои се евидентирани во вашите програми.