Нови обрасци за рецепти на товар на Фондот

Нови обрасци за рецепти на товар на Фондот

ФЗОРСМ од 01.10 2022 година воведе нови обрасци на рецепти за пропишување на лекови во ординациите кај матичните лекари и издавање на лековите на товар на Фондот во аптеки: рецептен образец за пропишување лекови за осигурени лица - Образец РО1,  и  рецептен образец за пропишување лекови за странски осигурени лица - Образец РО2.

Одлуката на Фондот за изменување и дополнување на обрасците, која е донесена врз основа на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, е објавена во Сл.весник на РМ на бр.175 од 04.08.2022 година.

Измените се направени во консултација со стручната фела како и со Управата за електронско здравство (Мој термин), а заради потребата од извршување одредени адаптации во рецептните обрасци на Фондот, во насока и на подготовка за имплементација на претстојната новина со воведување на интегриран информациски систем на Фондот за е-рецепт, со сите негови придобивки за стручната јавност, во смисла на подобар преглед и увид во потребните информации и зајакнување на контролните механизми, но пред се за осигурениците на Фондот.  
 
Со новите обрасци придобивки се: понатамошно олеснување на процесот на пропишување лекови на рецепт кај избрани лекар, скратување на времето кое осигуреното лице го поминува кај избраниот лекар, зајакнување на контролата на пропишувањето лекови кај матичен лекар и на издавањето лекови на рецепт на товар на Фондот во аптеки, подобра евиденција за лековите препорачани од лекар специјалист/супспецијалист и друго.