Известување до ЈЗУ/ПЗУ

Известување до ЈЗУ/ПЗУ

До:Јавни здравствени установи (ЈЗУ)
Приватни здравствени установи (ПЗУ) кои вршат специјалистичко консултативна и/или болничка здравствена заштита

Известување за доставување на документација за обезбедување на видот и обемот на здравствени услуги на осигурените лица за 2023 година

Сите јавни и приватни здравствени установи кои имаат договор за давање на здравствени услуги  од областа на специјалистичко консултативна и/или болничка здравствена заштита на товар на средствата на Фондот, а со цел  обезбедување на здравствените услуги за осигурените лица во 2023 година, потребно е да ја достават следната документација за 2023 година:

1. JЗУ

  • План за вид и обем на здравствени услуги за 2023 година по дејности – образец,
  • Збирен рекапитулар на вкупно планирани здравствени услуги за 2023 година по нивоа на здравствена заштита - образец,
  • Список на дејности- образец,
  • Список на вработени по структура - образец,
  • Преглед на нова опрема и нови дијагностички процедури за 2023 година - образец,
  • Развојни компоненти - образец.

 

2. ПЗУ кои вршат специјалистичко консултативна и/или болничка здравствена заштита (НЕ СЕ ОДНЕСУВА на ПЗУ кои вршат примарна здравствена заштита и ПЗУ аптеки)

  • План за вид и обем на здравствени услуги за 2023 година по дејности,
  • Збирен рекапитулар на вкупно планирани здравствени услуги, за сите дејности на здравствена заштита во 2023 година.

Наведената документација под број 1, задолжително ја доставуваат сите јавни здравствени установи, додека приватните здравствени установи доставуваат само план за вид и обем на здравствени услуги по дејности и збирен рекапитулар (доколку имаат повеќе од една дејност), како што е наведено под реден број 2.

Документацијата што се доставува треба да е во согласност со пропишаните теркови од страна на Фондот, објавени на веб - страницата www.fzo.org.mk во делот Здравство → Теркови на потребна документација за 2023 година.


Целата документацијата задолжително треба да се достави во:

  • електронска форма (excel формат) на е-маил: [email protected] и
  • печатена форма (верифицирана од страна на директорот на установата), до ФЗОМ -  со ознака за Одделение за буџетска координација и преговарање.

Напомена: При достава на документацијата во електронска верзија, потребно е во називот на е-маилот да стои името на здравствената установа додека во содржината да се назначи лице за контакт, контакт телефон и негова е-маил адреса.

Рокот за достава на потребната документација до Фондот е заклучно со  26.11.2022 година.

 

Сектор за финансиски прашања
Oдделение за буџетска кординација и преговарање