За осигурениците за кои не е регистрирана уплата на придонес за здравствено осигурување во системот на Мој Термин после 05.02.2023 година,Фондот за време на овој викенд по службена должност во соработка со УЈ П ќе обезбеди доказ за платен придонес.
Здравствените установи/аптеки,барањето за проверка на платениот придонес за осигурениците можат да го достават и во сабота и недела на е-маил адреса на овластените службени лица наведени во списокот.
Проверените податоци за платениот придонес овластениот службеник на Фондот во текот на истиот ден ќе ги достави на е-маил на лицето од здравствената установа кое ги побарало.