Раководството и синдикатот задоволни од одлуката на Владата

Раководството и синдикатот задоволни од одлуката на Владата

Задоволство од донесената одлука на Владата со која платите на вработените во ФЗОРСМ остануваат исти како во декември и не се намалуваат, на прес конференција изразија двајцата директори на М-р Магдалена Филиповска Грашковска и Д-р Асаф Абдурамани, заменик министерот за здравство Д-р Маја Манолева, како и претставниците на синдикатот и УПОЗ Бранко Аџигогов и Трпе Деаноски.

Управниот одбор на денешната седница ја спроведе одлуката на Владата, ја поништи првичната препорака и донесе нова, со последната вредност на бодот за пресметка на плати со важност од 1 јануари 2024 до 31 мај 2024 година.

 

Раководството и синдикатот задоволни од одлуката на Владата

 

Тридневниот штрајк е ставен во мирување, вработените се вратија на своите работни места за да ги завршат сите предмети на осигурениците кои чекаале поради застојот и да се работи на спроведување на реформите.

Ова е прво зголемување на платите на вработените после 12 години објасни директорката Магдалена Грашковска-Филиповска и нагласи, се надева дека вработените ќе го оправдаат тоа.

Платите на вработените во Фондот за здравство ќе останат исти до 31 мај оваа година, пред да се прави нов ребаланс на буџетот, рече  директорот Д-р Асаф Абдурамани.

Синдикатот им се заблагодари на сите организации од здравствениот сектор и на разбирањето на граѓаните. Тие очекуваат и по 31 мај вредноста на бодот да остане иста.

fzo uo 3