Денес, генералниот директор на ФЗОМ Сашо Клековски и министерот за јавна администрација , Горан Минчев, одржаа работен состанок во просториите на Министерството за информатичко општество и јавна администрација.
На состанокот се дискутираше за понатамошната соработка помеѓу двете институции. Со Министерот Минчев се разменија идеи за оптимизација на процесите, како и за подобрување на ефективноста и транспарентноста во управувањето.Двете страни се согласија дека интегрираната соработка е клучна за постигнување на целите и за унапредување на условите за граѓаните.
На крајот од состанокот се заклучи дека континуираниот дијалог и заедничкото работење ќе постигнат позитивен ефект на здравствениот систем и јавната администрација во целост.