Денеска во Букурешт во организација на Сенатот и Владата на Романија се одржа настан посветен на грижата за ракот, на кој учествуваа претставници од ЕУ и повеќе европски земји, како и делегација од Македонија.
Дијалогот беше фокусиран на подобрување на Европската соработка во борбата против ракот, заеднички предизвици и оптимизација на достапните ресурси и експертиза.
Беше потпишана заедничка Декларација. На маргините остварени се повеќе билатерални средби, вклучувајќи и со Оливер Блек, раководител на Рош за Европа -југ.
Македонската делегација ја сочинуваат Игор Г. Николов, советник на Премиерот за реформи во здравство, Соња Генадиева Ставриќ, директорка на Клиника за хематологија, Игор Стојковски, директор на Клиниката за радиологија и онкологија, Александра Ивановска, Рош Македонија и Сашо Клековски генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.