Подобра грижа за пациентите со цистична фиброза

Подобра грижа за пациентите со цистична фиброза

Денес, во Фондот за здравствено осигурување на Македонија, генералниот директор на Фондот, Сашо Клекоски, оствари средба со делегација на Вертекс, единствениот производител на иновативна терапија за цистична фиброза во светот, на која се истакна посветеноста и грижата на Фондот за пациентите со цистична фиброза. 

„Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза со вклучување на поголем број  пациенти, што е можно поскоро“

  - истакна директорот Клековски.

Делегацијата на Вертекс беше предводена од Адриан Василиу, комерцијален директор за Централна и Источна Европа. На средбата беше присутен и Игор Г. Николов, советник на Премиерот за реформи во здравството.

Директорот на Фондот се заблагодари за напорите на Вертекс да вклучи иновативна терапија и за целокупната поддршка на Македонија, која започнува во 2022 година. 

Претставниците на делегацијата на Вертекс го истакнаа значењето на раната детекција на болеста цистична фиброза, каде МАНУ има резултати на европско ниво, како и потребата од навремено вклучување на болните кои ја имаат оваа дијагноза во програмите за лекување.

Клекоски најави дека следната недела ќе заврши процедурата за внесување во Позитивната листа на лекот Микрозим кој е од групата на панкреасни ензими, и е наменет за овие пациенти.