Kрводарителска акција – “Фондовско срце”

Kрводарителска акција – “Фондовско срце”.

Почитувани, денес се одржа традиционалната крводарителска акција – “Фондовско срце”. Оваа   крводарителска акција   се одржува секоја година во просториите на Фондот за здравствено осигурување. Организирано оваа акција започна во 2013та година, пред се за вработените од Централата и ПС Скопје и се одржува кон крајот на октомври или почетокот на ноември месец.   Годинава, со оваа акција, даруваа крв приближно 60тина вработени. ФЗО како и секогаш останува промотор на крводарителството како  најхуман чин во општеството.

 

1

 

- ”Особено сум горд на моите колеги кои оваа акција си ја прифатија како своја, како и поради фактот што акцијата е една од  ретките активности за која нема никаква поделба по било кој основ. Би сакал да се  заблагодарам на Црвениот Крст, како и на Институтот за Трансфузиона медицина. Воедно, сакам јавно да им заблагодарам на колешките кои  активно учествуваа и учествуваат во  организирање на оваа акција – Сања Стојчевска Абутиќ, Миранда Беќири, Катарина Наумовска и Емилија Младеновска. Оваа година со директорот Сашо одлучивме да ги поттикнеме вработените кои за прв пат даруваат крв, вклучително и најмладите вработени да ги наградиме со симболична парична награда. Воедно, сакам да најавам дека следната 2025та година на роденденот на ФЗО на 17 октомври, “Фондовско срце” ќе се одвива и во најголемите подрачни служби на Фондот и ќе се овозможи да се пријавуваат и лица кои не се вработени. Секако сето ова ќе биде спроведено со соодветна промотивна поддршка. Со оглед на фактот  дека ФЗО е присутен во 30 градови и сместен во 31 објект, ќе се формира постојан комитет кој ќе може самостојно да се грижи за логистиката на оваа акција” – изјави Бранко Аџигогов,  ВД Директор на ФЗО.

 

2

 

- ”Mе исполнува сплотеностa на вработените во ФЗО, кои без никаква наша помош, сами ја организираа и ја спроведоа оваа крводарителска акција. Како што спомена директорот Бранко, следната крводарителска акција на роденденот на ФЗО, ќе се спроведе на ниво на сите вработени во ФЗО, а Директорот на ФЗО ќе биде покровител. Со ова се надевам ќе се внесе нов дух и ќе се воспостави како пракса не само за нас туку и за сите идни директори”- изјави Сашо Клековски, ВД Директор на ФЗО.