Докажување на својство на осигурено лице

Докажување на својство на осигурено лице

ДОКАЖУВАЊЕ НА СВОЈСТВО НА ОСИГУРЕНО ЛИЦЕ

Својството на осигурено лице се докажува со здравствена легитимација и потврда за платен придонес.

Здравствената легитимација може да се користи само со лична карта, односно ученичка книшка или индекс со кои се докажува идентитетот на осигуреното лице.

Децата до два месеци возраст здравствена заштита можат да користат и врз основа на здравствена легитимација на еден од родителите.

Потврдата за платен придонес за здравствено осигурување (сини картони) ја издава подрачната служба на Фондот, според местото на живеење, односно работа на осигуреникот, ако обврзникот редовно го уплатува придонесот за здравствено осигурување или со задоцнување од најмногу 60 дена сметано од истекот на последниот ден од месецот за кој се плаќа придонесот.