
I. ПРАВА ОД ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
Ѓ) КОРИСТЕЊЕ НА ЛЕКОВИ
Право на лекови осигуреното лице остварува врз основа на рецепт за препишување на лек.
Лекови на рецепт пропишува лекар - доктор на медицина, односно стоматологија, кој има статус на избран лекар во примарната здравствена заштита.
Осигуреното лице може да оствари право на лекови на товар на средствата на Фондот според Листата на лекови врз основа на рецепт и потврда за платен придонес за здравствено осигурување.
На рецепт се пропишува само еден лек, за едно осигурено лице, во потребна количина за терапија до 8 дена за акутни случаи.
За терапија во случај на хронични болести се препишуваат повеќе рецепти за лекови, но на еден рецепт еден лек за терапија најмногу до 30 дена.