Правото на користење на здравствени услуги во странство во случај на упатување на привремена работа се остварува на основа на двојазичен образец, потврда, што ја издава подрачната служба на ФЗОРСМ, каде што е поднесена пријавата за задолжително здравствено осигурување.
Постапката како и потребните документи за издавање на двојазичниот образец, потврдата, е наведено во делот кај остварување на права на осигурени лица под VII. ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ВО СТРАНСТВО точка Б).
Двојазични обрасци, потврди, за остварување на право на здравствени услуги по земји:
Држава | Обрасци, потврди |
---|---|
Австрија | МК/А 1; MK/A 3; и MK/A 6 |
Албанија | РМ/АЛ 101: РМ/АЛ 123; и РМ/АЛ 128 |
Белгија | РМ/БЕ101 и РМ/БЕ128 |
Босна и Херцеговина | РМ/БиХ 1и РМ/БиХ 4, или РМ/БиХ 4А |
Бугарија | РМ/РБ 101 и РМ/РБ 114 |
Германија | Д/РМ 101, Д/РМ 111 и Д/РМ 123 |
Италија | Ит 1 и ИТ 3 или Ит 7 |
Луксембург | РМ/Л 101/102; РМ/Л 123 и РМ/Л 128 |
Полска | РМ/ПЛ 101; РМ/ПЛ 111; и РМ/ПЛ0123 |
Словенија | РМ/СИ 1 и РМ/СИ 5 |
Србија | РМ/СРБ101; и РМ/СРБ 128 |
Словачка | РМ/СК 101: РМ/СК 123 и РМ/СК 128 |
Турција | РМ/ТР 1 или РМ/ТР 2 и РМ/ТР 4 |
Франција | SE 21-01: SE-21-04 и/или SE-21-04 А |
Холандија | РМ/НЛ 111 |
Хрватска | РМ/ХР 1 и РМ/ХР 4 |
Унгарија | РМ/ХУ 101 РМ/ХУ 111 и РМ/ХУ 123 |
Црна Гора | РМ/МНЕ 101 и РМ/МНЕ 128 |
Чешка | РМ/ЦЗ 101 и РМ/ЦЗ 111 |