Начин како осигуреното лице да избере лекар

Правото за избор на лекар е лично право на осигуреникот и во негово име тоа никој не може да  направи избор. Исклучок од ова претставуваат малолетните деца до 14 годишна возраст и неспособните лица, за кои изборот на лекар го вршат нивните родители, односно старатели.

Изборот на матичен лекар од страна на осигуреникот се врши на следниов начин:

  •  Осигуреното лице врши избор на лекар во приватната здравствена установа каде сака да се лекува, доколку нема претходно избран лекар  со ИЛ-1  образец пријава.

Доколку осигуреното лице сака да изврши промена на избраниот лекар, здравствената установа каде осигуреникот има претходно избран лекар,за осигуреникот пополнува ИЛ-1  образец одјава. Со ова пациентот се одјавил од избраниот лекар. Едниот  примерок од  ИЛ-1  образец одјавата  осигуреникот ја носи во приватната здравствена установа каде сака да направи нов избор на лекар и за него се пополнува ИЛ-1  образец пријава. На ИЛ-1 образецот одјава односно нов ИЛ-1 образец пријава докторот задолжително го става својот факсимил на ИЛ-1 образецот и осигуреното лице својот потпис. 

Доколку осигуреното лице има претходно избран лекар но од било кои причини не може да земе ИЛ-1  образец одјава од претходно избраниот лекар,  осигуреното лице  тоа го прави во соодветната подрачна служба на Фондот каде пополнува Изјава за промена на избран лекар, заедно со приложена фотокопија од лична карта.

Осигуреното лице во Подрачната служба може да прави само одјава на избран лекар или одјава од претходен избран лекар и во исто време да направи и пријава на нов избран лекар со приложување на нов ИЛ образец.