
За потребата од упатување во специјалистичко - консултативна здравствена заштита одлучува избраниот лекар.
Осигуреното лице има право да избере во која здравствена установа од специјалистичко - консултативна дејност со која Фондот има договор, ќе ја изврши здравствената услуга.
За извршената здравствена услуга на осигуреното лице му се наплатува учество (партиципација) согласно Одлуката за утврдување на висината на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лековите.