Намена на порталот

Веб порталот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија е национален портал наменет за осигурениците на Фондот, фирмите, здравствените установи и здравствените работници кои имаат склучено договор за соработка со Фондот.

Целта на порталот е неговите корисници подобро, полесно и побрзо да

  • пристапат до податоци за своето осигурување, 
  • да ги завршат своите обврски кон задолжителното здравствено осигурување и 
  • да остварат услуги за правата кои им произлегуваат од здравственото осигурување.
  • На почетокот порталот ќе обезбеди дел од услуги кои до сега можеа да се добијат само на шалтерите во подрачните служби на Фондот.

Порталот е поделен на неколку дела според услугите кои ги нуди:

  • За осигурениците нуди пристап до податоците за личното осигурување и осигурувањето на своите членови, податоци за избраните лекари по општа медицина, стоматологија и гинекологија за себе и за своите членови помлади од 14 години.
  • За фирмите нуди можност за електронска пријава во здравствено осигурување за лицата за кои има пристигнато М1 пријава од Агенцијата за вработување на Македонија, електронска пријава на нивни членови и одјава на членови. За да се користи оваа услуга овластеното лице мора да поседува електрoнска здравствена картичка.
  • За здравствените установи нуди можност за проверка на важноста на осигурување за осигурениците кои користат здравствени услуги.
  • За избраните лекари од општа медицина, гинекологија и стоматологија нуди можност за  електронска ИЛ промена на избран лекар, за следење на евиденцијата на осигуреници со активни ИЛ пријави, следење на евиденција на ИЛ одјави и др.